среќен (прид.) - околност (имн.)

Среќна околност беше што Димостена го имаа префрлено негде во внатрешноста, инаку, ако беше во сомборскиот затвор, таа не ќе имаше храброст да го посетува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секое од тие шилести оловни зрна, што беа многу помалечки од врвот на неговиот малечок прст, при среќна околност би можело да му донесе по еден доста богат кус месо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сфатив дека е само среќна околност тоа што до сега ништо лошо не се случи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги знаев нивните маки или пак среќни околности.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)