среќен (прид.) - човек (имн.)

Ако мирисот на запршките е само плод на моите соништа, тогаш јас треба да сум среќен човек затоа што имам таква можност да го почувствувам мирисот на соништата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Шекнатиот е среќен човек, не знае што е тоа нервоза и корнење од памет какво што во моментов ми се случува мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ГЕНИЈАЛЕЦ* Грд сум, глупав и дебел, но пред сѐ, длабоко среќен човек.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На сиот глас можев да чујам како се дуе пред момчињата изигрувајќи среќен човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дали сум сега среќен човек, дали во ноќите носталгични и дождливи ме заспиваат сопствените сонови или црни демони гребат по моите перници!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)