среќен (прид.) - дека (сврз.)

Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние шо му работиме на бабајка ти и тебе и ќе се одборчат — рече Трајковица сета среќна дека бегот се заинтересувал нејзиното Толе да го удоми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нивниот забрзан изглед покажуваше дека идат нарочно за овде и дека веќе се плашеле дали ќе стигнат на време и сега се среќни дека изложбата уште не е затворена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Дојдов, Бојанке, дојдов, - весело одговори Крстан, среќен дека е најпосле дома и се отпушти на триножникот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја рецитираше напамет, секој збор, реченица, цела книга... и беше среќен дека го слушам без да го запирам и да го препрашувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И многу сум среќна дека немам личен доктор за сопруг и партнер, кој секогаш би ми препишувал колку мг. треба да пијам од „енапот“ поради притисокот во вените, колку „деметрин“ во мг. поради несоницата во ноќите кога, од желба по него, очи не можам да затворам, па кога наутро ќе станам од постела бела и незгужвана, со „андоли“ да ми ги олабавува згрчените мускули.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Марија исто така беше среќна дека никој не ја праша било што за болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Нели, чудно јачат зборовите кога шетаат по одаите на сонот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едниот глас ќе викнеше: „Еј, Ведране, сврти се“, а другиот некако од поодалеку ќе одговореше „Не, не сум Ведран! Така ме викаат другарите! Иван сум јас!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја фатив кваката среќна дека ќе успеам да избегам, кога по вратот ме повлече тешка рака со дебели канџи кои ми се зарија во месото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Разделувањето на подароци и големото запознавање го направивме во големиот салон со белиот мебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)