среќен (прид.) - или (сврз.)

Всушност, заемната привлечност меѓу машкиот и женскиот пол (Невестата и Младоженецот во делото на Дишан), може на алхемијата да ú даде аспект на архетипско или филозофско искуство на љубовта, едно доживување на среќна или несреќна љубов (зашто алхемијата е место на соединувањето), но, исто така и на едно непрекинато и фрустрирачко одложување на љубовта - поради тоа другите критичари мислат дека “Големото стакло” ја претставува историјата на онанистичката љубов без крај - токму она што е крај - непостоењето на крај на љубовта кон знаењето или на филозофската љубов кон “Ученоста” (кризата на идентитетот на современиот интелектуалец).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Откако Климент Камилски беше почестен со свежо отворено шише шампањско, со успешен пукот, но во чест на неговото враќање во Источната книжарница во Париз, со одбрани зборови му наздрави Арман Самуелиан: Никој не утврдил дали Дон Кихот бил среќен или несреќен со своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чувствувам како дете во поглед на тоа колку лесно емоциите излегуваат на површина оддавајќи ја секоја моја состојба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгледа помалку како во сон, те тера на смеење, или си екстремно среќен или екстремно тажен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знаеше дали треба да е среќен или не .
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еднаш некој ми рече: - Плаши се од оној што е помалку убав од тебе, помалку е среќен или живее полошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа централност и таа ексцентричност можат само да допринесат за неговата налудничава пропаст, која на њујоршката „сцена“ естетски се транскрибира низ лудирање, низ жестокиот експресионизам, но која целиот град колективно ја негува низ техничката френетичност кон вертикалноста, низ забрзувањето на баналноста, во живоста на среќните или бедните лица, во дрскоста во која човечкото му се жртвува на едно чисто циркулирање. 66 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А тоа очите гооткриваат. Невидливиот танц на животот е разигран во сите живи души, па тие се привремено среќни или несреќни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Речиси сите сиромашни семејства се среќни или несреќни на ист начин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сиромашните семејства се среќни или несреќни секогаш на ист начин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)