стар (прид.) - година (имн.)

И да имам, неќу тоа да го права на стари години кога редот не ме носе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И го фата окото, или како што велеа во Солун: просто напросто се заљуби на стари години, и пак почна да се праша: „Зар пак толку су стара да ми е поминато времето?“, и пак сама си одговара: „Мори, каква стара, Досто, какво поминато време?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Море бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти татко, ти мајка, да не сториш кабул на стари години да ми гниат коските!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Море, ќе фатам од секое село по десет души и ќе земам десетпати повеќе, ама оти да ме намагарчат вака на стари години? Нејсе, таа се стори“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, дал господ диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на стари години! — се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоше, од таа вечер, не можеше да кркне пред Сивета и со нешто да се пофали. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Трајко, јас не можам да помогнам сега тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се врати на стари години, чункин, саде мршата кај своите да ја закопа, зашто снагата и силата сосе младоста одамна во далечина ги остави.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Луѓето во лифтовите се приземјуваат, дури на стари години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И кога се враќал од печалба се женел. И давал откуп за невестата како дар на татко ѝ. И тој под стари години да види фајда.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Учениче на стари години Со престојот во оваа земја, нормално е дека учиш нови работи, го дооформуваш карактерот, стануваш помудар, еволуираш...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Заслужува единствено да ми го испуши, но мразам секс со прасиња.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Штета, сега на стари години ми е сладок како еурокрем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ѓаволот е во неа – и рече и однесе уште толку подароци. – Земи ги, мори будала, земи ги; ќе ти се најдат на стари години да не служиш некаде вака како мене, – и повторуваше секој ден Ајша, но Анѓа веќе не и обрнуваше никакво внимание.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ти даде и суви златници да ти се најдат за стари години.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Жив и здрав да ми е, нека си дочека стари години, внучиња како јас, сè да му е убаво во животот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Среќна Нова Година. Луѓето ја завикаа Стара Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во стари години Влавот со сирење и кашкавал ја хранел Европа. Нашите карвани одеа до Белград, до Будапешт, до Букурешт и до Виена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На стари години ќе ме фрлиш во грев. Ќе убијам...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
18. Додека се урнисуваа царствата како плочки за домино Со кои некои Македонци се залажуваа на стари години И се правеа дека ѓоа не знаат дека со секоја урната плочка домино Им се урива и дел од живеачката И дека живеачката всушност била партија домино Особено живеачката во транзиција во која луѓето се струполуваа И кога не беа љубители на домино Туку така се струполуваа и ничкосуваа Откако ќе ги дофатеше некоја од многуте агенции за глобална благосостојба Така демек досека се урнисуваа царствата како плочки за домино Се ничкосуваа и светските наслаги од темни кристали Секаде каде што ќе цапнеше Чарлс Дарвин Се распаѓаа кулите од темни кристали Колку што се смалуваа светските резерви од темни кристали Толку стануваше кристално јасно Дека преживувале и ќе преживуваат Само оние кои се во состојба да се прилагодат на средината И дека се изџвакани преживеани и надживеани прикаските За тоа дека билките и животинките ги создал Бог Макар што и век и половина после Дарвин остана навиката Некои тукушто испилени големци во Македонија и не само во Македонија Ептен да се извештат во техниката на прилагодувањето И најмногу да се прилагодат на крстењето во божјите храмови Па се крстеа ту со десна ту со лева рака Самите не си веруваа ама се прикажуваа како големци и големи богомолци И самите епитропи клисари попови владици Не им веруваа на големците дека се големи богомолци Ама катаден седеа со нив на големи софри Богохулие ќе беше да се рече какви големци такви великодостојници Но остана забележано во Транзицијата Дека со пари се прават и големи сојузи на лажните богомолци Парите дупчат и таму каде што и самиот Бог не може На Чарлс Дарвин му доаѓаше да стане од гроб Да земе еден бастум и да почне да им ги прави црвени газињата На големците кои се прикажуваа како големи богомолци И сакаа да си играат мајтап со Чарлс Дарвин Колку што беа поучени новите големци се правеа поголеми богомолци И неуко си се убедуваа дека ќе го вратат тркалото на историјата наназад Во тој случај секако ќе му го сменат и името на градот Дарвин Ене онаму на влезот во северозападна Австралија И којзнае во кој град тогаш ќе живеат коалите Макар што сите од родот на коалите знаеја Дека тоа ќе биде кога врба ќе роди грозје И дека е ограничен и кусовечен рокот на прилагодливоста На новите големци големобогомолци Од што произлегува дека Чарл Дарвин пред век и половина Воопшто и не помислувал на таква прилагодливост И на толку ненормално размножување на камелеоните од сите видови И на камелеонството како начин на мавтосување И на гласачите и на Бога При толку мавтосувачи не беше тешко Да воскреснат смачканите митологии И да се смачкаат нововековните митологии При толку мавтосувачи народот не можеше да види Дека веќе се спуштени капаците на агенциите за глобална благосостојба И дека продлабочувањето на нееднаквоста станува светски процес При толку мавтосувачи одвај некој ќе забележеше Дека добриот слуга бргу бргу станал зол господар А сите окоруваа очи кога ќе ги видеа европејките Во потрага по оргазам на далматинските плажи Колку пари толку оргазам си знаеја европејките Кој Господ ги донесе европејките и во нашите краишта И го преиначи нивниот лозунг та сега мнозина мува не ги лазе кога велат Колку пари толку удентитет Во агенциите за глобална благосостојба Се измислуваа и други лозунзи поретко црвени почесто зелени Измислувачите на лозунзи неа знаеја дека овошјето се јаде кога е зрело Ниту беа чуле дека секоја трева си бара редовно косење Измислувачите на лозунзи шиткаа вообразена историја на парче На Чарлс Дарвин често му се слошуваше Од големци големобогољубци и измислувачи на лозунзи И тогаш тој се смируваше така што ги гледаше полжавите Како си прават пошарени куќички И со време си се вардат од глобалното затоплување.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тие пак, научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници, не се и неблагодарници: до бесвест и мавтаат на големата птица која дури сега, на стари години, ги научи сите да гледаат угоре и главите да ги држат кренати, ги научи, исто така, како се срка планински воздух од кафено лажиче и како се распознаваат разредените звуци на харфа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)