стар (прид.) - или (сврз.)

Ги прекри сите оние ѕидови што се распаѓаа со различни делови од сребрена фолија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој имаше голема колекција оперски плочи, мислам дека Ондин го вовлече во тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата го знаеја секој пејач - мислам пејачите за кои никој порано не чул - и постојано ги обиколуваа продавниците со плочи барајќи некои стари или приватни изданија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Виде уште како овие девојки и невести и ласкаат на чешмата: „гостичката е млада", па си вели со умот: „Море, чекајте, орјатки, ќе а видите вие Рожденката по некој месец или година кога ќе се вов'чи, дале е стара или ќе се подмлади, пушка ќе ве вркне!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трите вида правописи зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Весел човек. („Забега овој“, го притисна гласот, ама за инает, црвеното на семафорот му се запали пред нос).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Молам? - Ду театаро. - А, до театарот. До стариот или до новиот? - Ду старио. Кај кафаната „Театарче“. Знааш дека?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Работам земја за на софра да ми даде... носи стомни од изворчето откај коријата... пери во езерските води... спружувај - здиплувај... влечкај до домата... и тоа залче што ќе го каснам - од нанозе ... а голтка млеко од козата молзено - дали за двајцата стари или за мене не са ма?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Меѓутоа... ... тајната на тврдоглавите не останала покриена со пепел на заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
___ * Авторот претпоставува дека Кукулино е старо или измислено име за Кучевиште или некое друго село од скопската планина Црна Гора или, според турската администрација од тоа време, Карадак. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)