стварен (прид.) - можност (имн.)

Отпорот кон него ни налага да се зафатиме со него, да најдеме во него вредност и да измислиме можности за самоафирмација во ограничените, но многу стварни можности што ни ги става на располагање, во кои спаѓаат можностите за манипулирање со него, за негова пренамена, негово предоговарање, преозначување и изопачување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој идентитет, на крајот на краиштата, е единствениот идентитет што го имаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттаму е и склоноста на машката геј-култура да им исклеса на своите учесници апсурдно преувеличен, претеран, деградиран женствен идентитет, кој истовремено е и ироничен, јасно наменет да поткрепува една поширока стратегија на политички пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А најнепосредниот начин на кој геј-мажите можат да му пркосат на општественото понижување и на кој можеме да си ја заземеме субјективната дејственост не е со одрекување на нашата абјектност и со стремеж да ја надминеме, туку ако активно ја запоседнеме – ако го усвоиме омразениот општествен идентитет што ни е припишан.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)