стегнат (прид.) - во (предл.)

Ќе седи тогаш на клупата под маслинките, се опрел со лакти на колена, ги пребира килибарните броеници, - старче со провиснати мустаќи, наклапушено со паларија што се чини секогаш понова од алиштата што ги носи; ќе си седи и го задоволува својот навик да ја гледа убавината на тукушто подраснати девојчиња, цврсто стегнати во црни гимназиски кецели со бели околувратници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Идеше в клас цврсто стегната во мазна црвена кецела, особено светната по обемот на колковите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Џипот беше натоварен - озгора, со филмска камера, геодетски статив, камионски акумулатор, војнички шатор и високоволтажни кабли, бакалски завиткани и амалски стегнати во дебела бала од изабен и раскршен тер-папир; а однатре - со распашаниот остаток од екипата за снимање, без режисерот и снимателот, кои беа претходно отидени на договорнаконкретизација во штабот и во последно, завршно рекогносцирање на теренот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Им рече Поможи бог девојки и пред тие да успеат да му речат Бог ти помогнал, аго, рипна од коњот, беше тенок и усукан, а турската облека, стегната во појасот, го правеше уште потенок и поусукан, го издолжуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зад нас стоеше еден од многутемина градски стражари со тесни остри рамења стегнати во жолта блуза, крут и неподвижен, чиниш со трици е наполнета кожа, призрак во призрачноста на есенскиот град опијанет од тамјанот на канализацијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И мојата глава се веднеше, мојата глава паѓаше на моите гради; едната рака, стегната во тупаница, како да се спремаше да се брани од болката, а сепак не издржуваше, паѓаше во мојот скут, другата рака ми се олабавуваше, затоа што знаев дека нема да се спасам од тонењето ако се фатам за сламка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лицето на Меланхолијата на Дирер е потонато во сенка и од тој мрак проблеснуваат белките на очите, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другата рака, положена во скутот, олабавена, едвај го држи шестарот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзината коса сè уште мириса на чисто во зачадената просторија, нејзината дланка веќе почнува по малку да се поти нежно стегната во неговата, а во ребрата го чувствува нејзиното срце – чука од некоја нејзина, за него сè уште непозната длабочина додека тој полека ја води, со сигурен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стегната во фармерки и кратка тексас јакна беше преполна со живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Девојките иако стегнати во цврсти машки прегратки низ шепот го следеа движењето на новодојдените.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рамениците, невкусно стегнати во розова свила, и паднаа ниско, рацете се издолжија и останаа беспомошно виснати.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред неговите нозе играа со конзервена празнотија кусоноги, кадрави близначиња до појас стегнати во црвени чорапи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одозгора носеше маслинест мантил, стегната во струкот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томето беше во едноставна сукња со нежна, фланелска блуза, стегната во темно син мантил и темно сини чевли на ниска потпетица, а Христина имаше многу убава пелерина која ѝ ја беше сошила Томето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таму се криел клекнат со чантата стегната во скутот и со очињата оѕверени како зајак спобркан од ловџиско куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тој момент на влезната врата од ресторанот се појави пристар човек со бастун на левата рака, десната длабоко стегната во џебот од видено износено палто, со мустаќи над дебелкавите, малку опуштени посинети усни и дебели очила, со каскет наврен скоро до над веѓите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нивните гранки, како подвижни пипала, до смрт се стегнати во занесот околу неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Десно - прошарена со црни дамки и стегната во снегот - бучи и зарикнува боровата шума.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А таа, стегната во неговата узенгија, се молеше, колку за да го заузда стравот, толку и на пусија, иако со окови на нозете: „Господе златен, да биде ќерка, те молам!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)