стечаен (прид.) - судија (имн.)

Ако е веројатно дека лицето по кое е издадена потерница се наоѓа во странство, МВР може да распише и меѓународна потерница, по претходно добиена изјава од органот што ја издал наредбата за распишување на потерница дека во случај на пронаоѓање на тоа лице ќе се побара екстрадиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потерница и објава распишува МВР. Заради известување на јавноста за потерницата или објавата можат да се користат средствата за јавно информирање (чл. 563, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите и надоместоците на работниците ги определува стечајниот управник во согласност со закон и колективен договор, а врз основа на претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако има потреба од склучување нови договори, приоритет ќе имаат 185 поранешните работници кои биле вработени кај должникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стечајниот управник може, по претходно добиена писмена согласност од стечајниот судија, да склучува нови договори за вработување на определено време за завршување на започнатите работи и за отстранување на можните штети.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители (чл. 18, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)