страден (прид.) - душа (имн.)

Откога седна на софрата до мутесарифот Абдула-бег во Нерези, толку капата ја накриви, што и кога ја натрти да ѝ прави второ дете, семето го пушташе во нејзиниот бунар одвисоко, небаре молзено млеко за страдна душа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Млад јунак песна допеа, патишта пусти дооди, крај река Врелка достаса и страдна душа отвори.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И ја те црна преминав, со страдна душа останав.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)