странски (прид.) - лице (имн.)

Од тие причини неговиот извештај радикално се разликува од извештаите на официјалните грчки влсти, дипломатите и другите странски лица кои ја посетувале областа во придружба на државни лица кои ги надгледувале разговорите со мештаните и морале да го застапуваат официјалното грчко гледиште за состојбите во делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Содружник, односно акционер може да биде и секое странско лице.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странско лице може да стекнува удел или акции на начинот и под условите предвидени за државјаните на РМ и за правните лица запишани во Трговскиот регистар на територијата на РМ, освен ако со закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Привилегиите и посебните погодности за вложување и стопанисување на странски лица се определуваат со закон (чл. 31, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Учеството на странско лице во новоосновано и во постојно трговско друштво не е ограничено, освен ако со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Димитар Апасиев, на 19.V.2011, во Велес. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Велес е: П.бр. 805/99. 253
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Странците во РМ уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори (чл. 29, ст.1 од УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трговското друштво со странско учество ги има сите права и обврски, како и ТД без странско учество – освен во случаите определени со закон (чл. 30, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако се спроведе стечај или ликвидација на ТД – по завршувањето на стечајната, односно на ликвидационата постапка, странското лице има право да си го врати назад внесениот непаричен влог под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис (чл. 59, УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)