странски (прид.) - јазик (имн.)

Неврохирургот Делгадо, еден од пионерите на електронскиот феномен на мислење, веќе 20 години ги лекува своите пациенти со имплантации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште повеќе што извештајот ги негирал дотогашните статистички податоци за бројот на Македонците во Грција и докажува дека Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал “домашен јазик... на полето, на селските улици и пазарот“, а грчкиот јазик “се смета скоро за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, се сметаат во целосна смисла на зборот како странци...регионот е природно словенски, а не грчки“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поточно, поради неговата суштинска функција во процесот на изучувањето на странските јазици, тоа сѐ уште не било изучувано посебно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Релативно новото прифаќање на терминот Translation Stud- ies може да ги изненади оние кои досега претпоставувале дека таквата дисциплина постоела под широко распространетиот термин “превод” (“преведување”), посебно во склоп на процесот на учење странски јазици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите беа прогласувани за виновни во сталинистичка Албанија – и луѓето кои знаеја странски јазици, посебно западни (латентни шпиони) и луѓето кои нешто имале (латентни шпекуланти), и свештениците од трите вери (латентни предавници), и противниците на колективизацијата (саботери).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брзината на менувањето на новите генерации компјутерска опрема и програми ги доведува во прашање стандардите и компатибилноста на системот. (Можеби преведувањето на еден текст на странски јазик сега може да се изедначи со пренесувањето од технологијата на една генерација на компјутери во технологијата на следната генерација.) Впрочем, човек иронично може да се запраша, како и Роберт Кувер: “Чуму сета таа интерактивност?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вчудоневидени, претставниците на органите за редот и мирот во земјата, прашале како го извел тоа, а тој им објаснил дека многу му помогнало тоа што Белгијанецот зборувал француски, а Сталин абер немал од странски јазици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Гразда Таки, познат по својот талент за странски јазици, а и поради својот бизнис во Грција, зборуваше со него на грчки јазик.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мораше да се мине и низ сиповската вавилонска кула, да се потврди граѓанството во неа со успешното и проверено знаење на два три странски јазици, покрај задолжителните домашни јазици.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За сметка на тоа ќе се изучуваат странските јазици како англискиот, францускиот, германскиот, рускиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настрана од воените затвореници, жителот на Океанија никогаш не видел жител ни на Евразија, ни на Истазија и забрането му е да знае странски јазици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хајдегер изгледа мислеше дека има чистотија во грчкиот или Технологијата германскиот што им дава интегритет и можност да генерираат преувеличува. нови нешта на доследен начин, што претставува извонредно филозофско гледиште, но јас не го делам тоа чувство, претпоставувам затоа што сум комотен во англискиот позајмувајќи од странските јазици.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Покрај тоа, во постапката за обезбедување работник преку Заводот за вработување, предвидено е Заводот, наместо да се раководи од критериумите за приоритет при вработувањето, да упати кај работодавец до пет кандидати избрани врз основа на критериумите: образование, квалификација, работно искуство, други посебни знаења (познавање на странски јазик), спремност за прифаќање на вработување со обука, преквалификација или доквалификација, услови за работа, место на работа, траење на работниот однос и посебна опрема со кое невработеното лице работело и ќе работи (чл. 34-37, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Штом проговори на странски јазик, само со по некој македонски збор, знаеше дека е странец.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како што не можеше да се продаде кафеавата бунда, а да не се роди сомневање за нејзиното потекло, така не можеше да се открие Мајкиното знаење на странските јазици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или, како што тоа многу убаво ќе го синтетизира самиот автор на едно место кога ќе запише: „McDonalds наспроти Златен клас!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постојаната смена на лирското („The seeker on the way of sound“) со умерено ироничното („Чико и врапче“), гротескното („Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства“) и полемичкото („Колумна“), напати со благо трагичното („Борјан и татко му“) и носталгичното („My pricate Europe“), натаму, повремените алузии на народните сказни, како и интерполираните народни („Мутулуми“) и хаику песни („Хаику во Скопје“), бројните цитати од лектирата (В.Вулф, Д.Киш, А.Шопов...), сентименталните стории од „семејниот циклус“ („Чушкопек“) или своевидната „теориска автобиографија“, според терминот на Мишко Шуваковиќ („Поглед од чекалницата“), „in medias res“ техниката или финалниот ефект на изненадување, „јазичките игри“ (употребата на дијалекти и на странски јазици), но и играта со интерпункцијата, варијациите на различни техники на писмото, како и иконографијата на популарната култура (масовните медиуми, особено Интернет), исто така, се евидентни стилски доминанти во специфичната раскажувачка поетика на Прокопиев, која е, несомнено, во знакот на постапката на хибридизација и бриколажот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Странски јазик што не можам да го разберам. Ниту еден збор не ми е познат. Слушам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ѓорѓија повторно културно се насмевна и потоа ја пофали својата сосетка за добро научениот странски јазик, иако вистински не ги регистрира сите информации што му ги даде во толку кратко време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тогаш Дејвис истакнал дека „нашата прва, единствена и главна должност е да ги победиме Хитлер и неговите сојузници, а сите други работи мора да бидат потиснати за остварување на таа цел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај напорите на грчката држава од 1913 година да го промени етничкиот карактер на делот на Македонија под Грција со присилна асимилација и со денационализација, Еванс сепак ќе забележи дека "Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал домашен јазик… на полето, на селските улици и на пазарот", а наспроти тоа грчкиот јазик "се смета речиси за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, во целосна смисла на зборот се сметаат за туѓи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како пример ќе го наведеме разговорот на Елмер Дејвис (претставник на Уредот за воени информации) и Ален Крестон (директор на Уредот за странски јазици) со претставниците на српските и хрватските иселенички групи, одржан на 18 септември 1942.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ни претстоеше да го минеме пеш сиот тој долг пат до дома, кој водеше преку училиштето за странски јазици, каде што одиме на англиски, потоа преку крстосницата кај “Мал одмор” и “Симпо” на булеварот Партизански одреди, па право по Рузвелтова, и дома во Капиштец.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпрво ја допративме Марија, која не живее во наше маало, туку малку подалеку од нашите згради, а потоа трите, Снеже, Мила и јас – дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)