страстен (прид.) - љубов (имн.)

Темата на Мажјачиштето не е само страсна љубов, туку и човековата способност за надчовечко постоење - за еден вид Ничеовска надчовечка улога.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го повикувале на свадби, на сунети и на празнични седенки да везе на тамбура украсена со седеф.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забраната за образованието не ја натера да се оддалечи од него; му стана уште поприврзана, ги мразеше сите жени кои му беа блиски: си ги мразеше сестрите, ја мразеше тетка си Мина затоа што патуваше често со брат ми, ги мразеше и госпоѓите кои, покрај брат ми, ја проучуваа психоанализата, и единствено со една од нив, со Лу Саломе, ја врзуваше блиско пријателство, нешто што можеби ќе се претвореше во голема и страсна љубов, да не му го имаше ветено своето срце на друг – на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На своите ќерки Зигмунд честопати им велеше: “Најинтелигентните меѓу младите мажи добро знаат што треба да имаат жените: благост, веселост и способност животот да им го направат поубав и полесен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неговите песни се раскажувало за јунаштвото на Турците од минатото, од времето на Муратовата моќ, за нивната страсна љубов и за убавината и верноста на нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)