страшен (прид.) - носталгија (имн.)

Беше страшно симпатичен и навистина пријатен за разговор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ми велеа, седи уште малку, ќе свикнеш, но јас имав страшна носталгија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една вечер ми кажа дека тој е всушност од Сиетл, и сето време додека зборуваше како таму е убаво и како воздухот и реките се чисти се чувствуваше страшна носталгија за домот. чудно е, но се сеќавам дека таа вечер, додека зборувавме во Ондин, Друидсите ја свиреа „Wild thing” од Трогси - песната која Џими така фантастично ја отсвири идната година на Филмур Ист, во својот prince pirate look - зелена плишана кошула и мускетирски шешир со црвенкаст пердув.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)