страшен (прид.) - суд (имн.)

Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Само очите на пресвета Марија беа вперени кон овој клекнат божји слуга, кој како пред страшниот суд очекува казна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа пред сѐ се однесува за неговиот доцен опус, Страшниот суд од Сикстинската капела (1541), Преобратувањето на св. Павле (1545) и Петар на крст (1550) во Капела Паолина, како и неговите последни цртежи на младата генерација делуваат онака како што во 20-иот век делуваат делата на Пикасо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трбат ангелските трби најавувајќи огнови, скрб и студ. Страшниот суд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Страшниот суд, страшниот суд на совеста... ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А дјавол пред црквата многу чинил калабал’к и му рекл: „Ја идем, неверне, ме пади Мариа, ама твое писмо што си писал ја го чувам и ќе да ти го покажем на страшен суд, зашто си се со своја волја отрекл от Христа“.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Слушајте како ќе да биде страшен суд.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тамо на страшен суд ќе да оживеат от гробовите сите умрени, и грешни и праведни, и верни и неверни.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Кои не се уплашат кога се исповедујат, а они тако ќе да се уплашат на страшен суд Божиј.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)