строг (прид.) - глас (имн.)

Неидентификуваниот, губејќи го спокојот што дотогаш ништо не можеше да го загрози, со строг глас извика: - Јас овде не гледам злато!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мита, стана, полека отиде до олтарот, наеднаш се сврте и со тивок, ама сигурен и строг глас, рече: - Да не си се осмелил!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ване е болен! - со строг глас рече мајка му. - Тој нема да оди в кино!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Соберете се сите! - го замолкна џагорот строгиот глас на Милорад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Строгиот глас на редарот предупредува дека претставата се одложува за еден час поради болеста на главниот актер.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Секој момент тие очекуваат да избувне нешто, да грмне строгиот глас на учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Добровечер, кого бараш? – праша тој со строг глас, ама јас знаев од раскажувањата на брат ми дека дедо ми бил многу добар човек и воопшто не се збунив што така ме дочека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Која си ти? – праша девојчето и застана пред него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој ги гледаше едно време, клатејќи глава, а после ги запраша со строг глас: – Што правите бре тука!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Офицерот го праша со строг глас: - Ти си член на партијата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Многу се исплашив кога во нашето купе влезе кондуктерот и со строг глас рече: - Покажете ги билетите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И пред да го снема зедно со лифтот, викна со строг глас: - А за територијата се договоривме, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакав да го прашам, ама Абраш со строг глас продолжи: - Немој да се правиш невешт, - рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ниту се смурти, ниту нѐ прекори со неговиот строг глас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Смирени од зборовите на шефот, сега вториот член на комисијата со својот строг глас повторно нè враќаше во стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тишината ја наруши строгиот глас на вториот член на комисијата, – А сега да ве запознаеме со пописот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)