строг (прид.) - центар (имн.)

Тоа е во строгиот центар, заобиколен со банки, на тивко место, подалеку од движењето, од градската бучава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уморен, броејќи ги чекорите тешко се влечкаше како претепан пес кон трошното куќарче, пикнато во строгиот центар на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стварно не ми е јасно зашто ги продаваат нивите у село и даваат по 100 000 еура за трособен стан у строг центар да се потат на 75 степена и да пијат кафе за 100 денара.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Строгиот центар на Букурешт, на плоштадот „Георги Георгиу - Деж“, не ќе се претера ако се рече дека е најубав најатрактивен , најдостоинствен дел на градот, каде што новото и старото се измешало, но, меѓу другото, и така се вклопило што претставува една неверојатно интересна и убава глетка, нешто што воодушевува, што збунува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таксистот го остави во строгиот центар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„На Плоштадот и строгиот центар градот има европски изглед - метропола!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се наоѓа, речиси, во строгиот центар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)