строен (прид.) - жена (имн.)

Млада, стројна жена, со детенце на раце, како да изникна одземи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Горе, тие што работеа со неа, со завист гледаа како таа ја завршува втората дупка додека тие не беа излегле ни од првата, и уште, се чудеа, како е можно една убава и стројна жена да се претвора во неугледен маж.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А таа, стројна жена во четириесетите најубави години, како да му го слушна мрморењето и клетвата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)