студен (прид.) - земја (имн.)

Постојано од командата им ветуваа топли цокули и чорапи, панталони, блузи и фанели... Лежат во студената земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не успева социјализам во олку студена земја, велат, којзнае во каква агрегатна состојба ќе се претвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Зарем постоела некоја штета од тоа што си ги клател нозете на палубата место да ѕемнеш под студената земја“?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ноќниот воз, во оган и бес истрелан низ шините, се издигна и исчезна над студената земја кон север, оставајќи црн чад и пареа за да се растопи во застоениот воздух, неколку мига откако мина и замина засекогаш. 90
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Та, таа куќа отсекаде е затната, со студена земја и со вода е заградена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)