студен (прид.) - земјанка (имн.)

Се моли за овие кои така истоштено и смрзнати сега дремат во влажната и студена земјанка и за оние кои се на стража и за оние кои не се вратија од бојот и за оние кои се на пат за в болница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)