студен (прид.) - морници (имн.)

Студени морници му се слеваа низ ’рбетот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, ако тоа е така - низ Мартин тука минуваат студени морници - тогаш таа целина е иста со ништото.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој со цела дланка удри на дрвената нога, а мене студени морници ме стресоа и ми се присторува дека допи-раат далечни поединечни и рафални митралески истрели и силен грмеж на гранати...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Осеќам како ме лазат студени морници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Џемал-ага го почувствува тоа и во неговиот мозок навлегоа студени морници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Студени морници ме полазија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)