студен (прид.) - соба (имн.)

Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ко празна и студена соба. Мразарница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напоредно со размислувањата за овие грди појави наеднаш се замислувам во улогата на потпалувач на печка во студена соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зафатен сум од мислата дека јас ќе биде творецот на пријатниот ден што ќе уследи штом ќе пламне огнот, а веќе во идниот момент ќе бидам со Катерина и тоа благодарејќи на оној непријатен разговор за неа со Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)