субверзивен (прид.) - комитет (имн.)

Во образложението на пресудата само воопштено се кажува каква била целта на гемиџиите: да се измени формата на владењето во Румелиските вилаети, што во основа било точно, но сосем измислено било тврдењето дека на “субверзивниот комитет“ седиштето му било во Софија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речено е, навистина во почетокот, дека членовите на субверзивниот комитет од Софија одлучиле да извршат серија атентати во градот Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Со цел да ја изменат формата на владеењето во Румелиските вилаети на Отоманската империја, членовите на субверзивниот комитет, чие седиште е во Софија, решиле да извршат ред атентати во градот Солун..., служејќи се со бомби и динамит за да го зголемат на тој начин ефектот на своите злосторства“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За Марко Бошнаков се тврдело дека во Солун дошол кога и Јордан Попјорданов, дека бил член на “субверзивниот комитет“ и дека основна негова задача била да им помага на членовите на Кружокот да ги извршат “злосторничките дела“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речено е, навистина, во почетокот дека членовите на субверзивниот комитет од Софија решиле да извршат серија атентати во Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април“155.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)