сув (прид.) - леб (имн.)

Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Од еден сув леб нишчо друго немаме, токо ако сакаш да мрсиш ќе побарам од стриковите некоа лажица мас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не можеше ни сув леб да им заработи, а камо ли да затишти некоја пара да се отплати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако сакаше слугинка која ќе ти работи за корка сув лебец, таква тешко ќе најдеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја проголтува како сув леб во жедни усни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овците почнуваа да ги молзат дури на пролет, а кравите во ова време, обично пред телење, немаа млеко, па сувиот леб обично се јадеше потпечен или издробен, па со малку масло, малку сирење низ него, се пржеше на огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па така, неизмиен, со парче сув леб во торбичката, нешто за себе, нешто за да го мами телето ако го пронајде, со главичка кромид и неколку зелени пиперки, тргна да ги обиколува ридиштата и доловите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе удреше ѕвонецот за јадење слегувавме во трпезаријата каде што ни даваа сув леб што го дробевме со вода; тие што имаа повеќе пари беснееја во бродот; пиеја, играа комар и одеа во кабините кај што имаше жени, кои за пари те пуштаа да си ја задоволиш душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сувиот леб, таинот ни со вода не може да се голта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во чапчиња пиеја чај претходно квасејќи сув леб во него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Никаква постела не и остави во одајата; од еден сув леб и вода ништо друго за јадење не и даваше. a ја тераше дење да пере, да мете, да чисти и ред други домашни физички работи да работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој е денес будала добиток да гледа, да се пара по планињето и да јаде сув леб и сол и пипер кога може да седи овде сред село и да го чека поштарот да му ја донесе боречката пензија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се случило еден ден да има само сув леб од просо во торбата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зборувам, но зборовите ми паѓаат од уста како трошки од сув леб.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Она, како лично ја здогледал зајачицата во загрнатата со снег грмушка покрај патот додека си ги хранела зајачињата со премрзнат сув леб.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Леле мажу, велам, со што ќе јадеш сега сув леб?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мама ќе дојдеше на појадок, едно парче сув леб околу еден час подоцна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)