суден (прид.) - час (имн.)

Така седам осамен Чекајќи го судниот час Да се соочам со ракописот на сонцето И да горам како гламна И да плачам како дете И да рикам како ѕвер Во темна шума.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И уште поради една причина, но сѐ во свое време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Снеможувам на место. Непознатиот ме настигнува сѐ повеќе, неговата сенка само што не паднала врз мене, но во судниот час наеднаш престанува да ме гони, застанува во еден агол, стои покрај ѕидот и долго, долго мокри...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)