судски (прид.) - власт (имн.)

Во мене се раѓаше нова мисла - каде ќе бидам пополезен и поуспешен во исполнувањето на Ататурковата мисија: дали ако останам во Цариград и ако се впуштам во брзата трка по хиерархијата на судската власт, или ако се вратам на Балканот, кај своите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Народниот правобранител презема дејствија и мерки за заштита од неоправдано одолжување на судските постапки или несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во таков случај рокот за изјавување на правен лек во поглед на поправениот дел на пресудата тече од денот на доставувањето на поправениот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За поправањето на пресудата судот може да одлучи без сослушување на странките (чл. 331, ЗПП). 5.  Во судскиот систем судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РМ (чл. 22, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врховниот суд на РМ ја врши судската власт на целата територија на Републиката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во надлежност на провинциските управници се наоѓала административната, воената и судската власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Судските власти инсистирале, покрај признанијата на обвинетите, да има признанија и на сведоци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со измената и дополнувањето од 2008 година се зголемуваат па- ричните казни за постапување спротивно на одредбите од овој закон, од 100.000 до 200.000 денари на 3.000 до 5.000 евра (околу 185.000 до 300.500 денари) за одговорните лица во органите на законодавната, извршната и судската власт, јавните установи, политичките партии и здруженија на граѓани кои нема да достават периодични планови за унапредување еднаквите можности и нема да ги обезбеди 1.  Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 66/06. 2.  Закон за измени и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажи- те, Сл. весник на РМ, 117/08. 131 бараните информации до застапникот (чл. 4, ЗИДЗЕМЖМ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)