судски (прид.) - забранет (прид.)

Оваа одлука веднаш е оспорена, и важно е да се нагласи дека за неа во моментов се води спор против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, при Советот на Европа во Стразбур!5 Откако штрајкот беше и судски забранет, работниците мораше да се вратат на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Помеѓу позначајните негативни промени се: лишувањето на мнозинството работници во претпријатието од правото да организираат штрајк без синдикат, условувањето на почетокот на штрајкот со потенцијално одолговлекувачката постапка за помирување, определувањето на работи кои не смеат да се прекинат за време додека трае штрајкот, овозможувањето штрајкот да биде судски забранет и работодавачот да побара надомест на штета од штрајкувачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во меѓувреме, пак, работодавачот покренува и судска постапка против синдикатот на работниците, а како резултат на тоа, во септември 2009, Апелациониот суд во Битола носи пресуда со која штрајкот на вработените се прогласува за незаконски –  одлука која, според Ѓорѓиевски, е крајно спорна и сомнителна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)