супстанцијален (прид.) - форма (имн.)

Човечката душа, Аристотел ја разбира како супстанцијална форма на човечката индивидуа која се состои од материја и форма, како што е тоа случај со секоја супстанција на земјата, нагласувајќи при тоа дека човекот, како индивидуа, е тој што делува, а не само душата, како што е водата таа што мрзне, а не природата на водата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, душата не е тело, туку само форма (одредба) на телото, која се јавува како активен принцип на телото кое, разбрано само како материја, е пасивно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)