тажен (прид.) - глас (имн.)

Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Книгите нудат излез од изолацијата, од лавиринтот, но кој да го разбере тоа? прифати со тажен глас Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше тоа да го предвидам, рече со тажен глас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Посува и поковчеста отколку што ја знаеше потсетуваше на стара и строга мома од литературата на деветнаесеттиот век и беше вистинско чудо зошто не креска кога говори туку има мек и по малку тажен глас натопен со збунетост. „Вистина е“, му рече. „Јован е на лекување.“ Отец Симеон се наведна гмечејќи ја допушената цигара со врвот на својот чевол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тогаш ги слушна тажните гласови на пилињата, кои сами се фатиле во стапица.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не смеете да ја користите својата војска против својот народ, господине премиер“, со лажно тажен глас му рече Британецот, истиот оној што пред само неколку недели му рече дека е должност на Владата да ги употреби сите средства за да го врати владеењето на правото на целата територија на земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
До нив клекнало куче и само цимулка, што се вели, испушта некои тажни гласови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Томор ги гледа и им вели со тажен глас: „Одете си, одете си, гулабици. Пропадна ќефот... Сѐ расипа овој ајван што го влечам со мене...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кршејќи ги прстите и приближувајќи се кон сцената во дворот, со тажен глас запраша: – Што е, ефенди?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќето играчки, така живи, или само навиени, растрчуваат, се растрчуваат трупатурно, стрмоглавечки, молејќи го белобрадиот дојденик со тажни гласови и со навирени очи: - Земи ме, земи ме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
А туку, мајко, погледај, погледај, леле, послушај, како ми пилци запреа песни сред пролет радосна, како ми вода затраа, темни ми карпи писнаа, а гора лисја пророни од твојте тажни гласови.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Се сеќавам убаво, утрината рано ме разбудија тажни гласови од сонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бев сам со Мајка. Таа ги отвори сосема очите и, стегајќи ми ги рацете, со тажен глас ми рече: – Сине, толку беше моето!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)