тажен (прид.) - лице (имн.)

Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Одминуваа товар по товар со тажни лица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој нема повеќе да го гледа тажното лице на сестра си, за која се пее во селото: “Крстанице, мори, млада невесто што ти лице, мори, овенало како платно, мори, небелено...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Немате слушнато за Иван? Додека не тргна в училиште го викав Ване.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, со многу тажно лице се стори шегата со која Синесие кројачот во момент на веселост го беше довел Васе Пегланиот во градината на поругата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И јас имав син. Замина една зимска вечер и веќе не се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пенчо направи тажно лице и како просјак застенка без врска со прашањето: рече дека нема ни татко ни мајка. дека е гладен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прекривки со различни цени; дури два катафалка: за еден генерал и за некоја госпоѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многу тажни лица, многу и лажна тага, многу и отворена веселба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)