тажен (прид.) - мелодија (имн.)

Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— А бре, ние лели и ватиме виа злани, ќе и дочекаме, токо оти да не печат во вој припек. Не глеаш под сенка колку е горешчина, ами шо прават ниа сиромаси шо се печат намо по нивјето! — одговори другиот и покажа на белите 'ржи по Каленското и Дунско поле, каде се гледаа редици полози и ставини снопје, и откаде допираше оптегната тажна мелодија, песна на вечните робови — аргатите на чивлигот од Малибег.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)