тажен (прид.) - насмевка (имн.)

На лицето на Марија помина тажна насмевка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На една од фотографиите. четириесетгодишна жена со црна шамија на глава и тажна насмевка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Моите усни издаваат тажна насмевка, но тоа е искрена насмевка после толку долго време, а од гласот избива искрено покајување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Иако сега тромава во движењата, со малку згаснат жар во очите, со малку тажна насмевка на лицето, но тоа беше Донка Калешата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кутрите столови, ги осудивме на робија - беше коментарот на Катерина а го изрече со тажна насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не верувате, немоќно додава човекот со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, прочепкајте низ животот ене на оној онде, Чарли Чаплин, видете колку му е тажна насмевката на постерот пред влезот на кафулето, во таа насмевка се стуткани сите наши мечти што никако да узреат уште од пред да го гледаме Големиот диктатор.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)