тажен (прид.) - око (имн.)

Неговото ситно сестриче, обесено на мајка си со двете рачиња, како мајмунче, молчеше гледајќи во него преку мајчиното рамо со големи, тажни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има нешта на кои никогаш нема да се навикнеме!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И во стварноста која врата и да отворам е само копнеж по тие тажни очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе има тажни очи - Јаго, Скапене, Ранго, зошто ми се плаче кога ќе видам питач? Кажи зошто?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Подзастанав и ја прашав Рина што да очекувам, таа само ме погледна со тажни очи и ги крена рамениците.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Така е.“ говореше дамкосаниот Петко Самоников, неделен гостин во селото; граѓанката со која се ожени се влечкаше по него кивавичава и со тажни очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Чао. Како досега не сум забележал дека имаш уморни и тажни очи?“ Навистина, како не сум забележал?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Честопати тоа ми претставуваше проблем, затоа што тажните очи ги сожалувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, постепено, престанале да му даваат и тој останал сам, со тажни очи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оној што е убав, има тажни очи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Старецот полека стануваше расеан; во неговите тажни очи, под тешките запалени капаци со ретки и куси клепки, блескаше чуден сјај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вие ќерка ми ја примивте како да е Ваше дете”.  Мајка ми го гледаше човекот во длабоките, тажни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го понуди со слатко, но тој ја прекина.  „Драга госпоѓо, седнете Ве молам, имам нешто важно да Ви кажам”, рече со решителност која воопшто не одеше со изразот на неговите тажни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со своите тажни очи на кои тогаш првпат го забележав настојчивиот поглед, ја фиксираше мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влезе, со својата црна филцена шапка и изветвеното палто и застана, онака крупен, покрај вратата на дневната соба климнувајќи ни и погледнувајќи нѐ сите со своите тажни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше голем, крупен човек со тркалезно лице и тажни очи кои со време, ми се чини дека стануваа уште потажни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сотирчо има тажни очиња, само малку да се стиснат клепките и од нив ќе потечат солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)