таканаречен (прид.) - слава (имн.)

Воспитувајќи ве имено според таквиот модел, вашите родители вам ви го пренесоа најсуштественото: дека единствениот приоритет во секој еден живот не се ниту материјалните вредности (колку и да се тие важни), ниту формалните успеси и таканаречената слава (колку и да е таа заводлива), дури ниту култот на здравјето на кој толку често се повикуваме...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)