татков (прид.) - куќа (имн.)

Се одомаќини, безмалку како во таткова куќа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја видов татковата куќа полусрушена, испустена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во втората половина веќе му ги зедоа во пансионот да му ги перат и така и таа негова врска со татковата куќа се прекрати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)