татков (прид.) - линија (имн.)

Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јусуфовиот дедо по таткова линија, Мехмет Али-паша, со Абдил Фрашри, ја водеше албанската делегација на Берлинскиот конгрес во 1878 г. по Руско-турската војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каква игра на случајот, блиските Врионовци, по мајкина линија и блиските Окијаревци, по таткова линија ги зближуваше пријателство, за кое дознав многу, многу години подоцна, за што ќе ви пишувам во друга пригода.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беа исклучени, размислував подоцна, од средбите со мене, сите мои блиски роднини по мајчина и таткова линија. И подобро за нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)