твој (прид.) - работа (имн.)

За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога бабачкото ќе се изнамава, ти кинисуваш напред, всушност, кинисуваш да си ја гледаш твојата работа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Немај грижа, - му велам, - ние ќе ја достроиме твојата работа. Ние и сите што идат по нас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
СЛУГАТА: Јас и твоите работи ги приготвив. Еве ги!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
„А ќе му дадеш ли?“ „Тоа не е твоја работа, но за твоја информација не доаѓа во предвид.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе му се јавиш, а?“ „Тоа не е твоја работа“. „А ако бројот е моја работа?“ ја праша Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Добро, тогаш нацртај го најубаво. Тоа си е твоја работа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Вели јас платив ремонт, твоја работа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Барав врски околу твојата работа. Сѐ ќе биде во ред. (Андреја кима со главата)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прави ми Господе“, си рече баба Севда пак прекрстувајќи се, „што сакаш прави, ама Пандо мене ми е господова, твоја работа, Господе“, рече баба Севда пак прекрстувајќи се.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Толку имав јас, - рече Ангеле и стана, - туку гледај си ја твојата работа, а јас мојата, оти два дена ништо не сум фатил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)