твој (прид.) - убав (прид.)

„Прдливиот Марти само се обидува слободно да ѕирне во твоите убави гаќички!“ Урнебесна смеа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Чичкото размислува. - Тогаш ќе го боцнеме твоето убаво и кротко Мече, ако?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ех, да знаете само колку ме развеселуваат твоите убави зборови! – Подвлече домаќинот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога би била зрак сончев, би ги галела твоите убави очи, и наутро од сон би те будела секој ден.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)