тврд (прид.) - кора (имн.)

Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за сѐ што станува над нејзината тврда кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зима, сурова и смртоносна, со гола смрзната земја, згрчена од нервозна болка, слепа и нема за се што станува над нејзината тврда кора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сето тоа, собрано во едно тешко бреме, мораше сега да се носи на својот грб таму, напред, кон дома, со тоа мораше да се тоне во длабокиот студен снег, тоа мораше да биде извлекувано од под онаа тврда кора, што удираше во цеваниците при секое пречекорување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
28. ГЛЕДАШ ОРЕВ, СКРШИ ГО, А ОНО ТАМУ ПРАЗНО МЕСТО - исушена внатрина гледаш како долга ноќ без зора, ниту црвот, што е црв, не би сакал за свој престол да има орев така шуплив, макар бил со тврда кора...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вкочанетоста се движи внатре, во самата себе, се поместува под тврда кора и живее со свој живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)