тврд (прид.) - материјал (имн.)

Ако толку понижиме некое животно што тоа за нас да стане вештачки создаден производ, некаков вид биохемиски комплекс - а неговото месо и органи, само мек, или жилав, или тврд материјал во нашите усти, со одреден вкус а можеби и мирис - тогаш, во таа смисла позитивистички да се опише животно, значи паѓање под секое ниво, понижување на самото битие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ковчеџето беше од тврд материјал, дрво, обвиено со кожа; ќошињата зајакнати со метални триаголници кои блескаа на сонцето како златни; по рабовите од ковчеџето беа исковани нитни со широки капачиња кои исто така светкаа држејќи ја кожата оптегната и прицврстена, а и украсено делуваа - како златни ниски.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некаде Министерството интервенирало градејќи покривки од тврд материјал.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)