тврд (прид.) - поглед (имн.)

Ковчегот е врз пресноископаната земја, поворката околу ковчегот, сите своите очи ги потпираат врз тврдиот поглед на старецот, а тој како да не сака во никого да погледне, неговиот поглед е устремен право нагоре во небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Човекот што зеде да му одговори, помлад од него, имаше толку тврд поглед, и, воопшто целиот изгледаше толку решителен, што тој, Дамче, изгуби волја да му возрази, макар само со еден збор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ки ти најме исцедно место, ним с склдисувај! и внимателно го спушти длабоко издишувајќи потресен од тврдиот поглед на старецот што чиниш токму него го прекорува за нешто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)