тврдоглав (прид.) - порив (имн.)

И така, ова сведочи за потребата од јавни, општествени постапки што не искажуваат емоција, туку ја заменуваат – кои ja претставуваат без стремеж да ja изразат – и кои ја пренесуваат емоцијата со склоп од генерички, усогласени симболи и замени, обезбедувајќи го на тој начин непреченото дејствување на конвенционалните општествени односи. ‌Во овој контекст, јазот меѓу чувството и изразот е трагичен, бидејќи е пројава на темелна егзистенцијална катастрофа – погубна, непоправлива, неизбежна празнина во човековото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не само што тврдоглавиот порив да го затвориме тој јаз нема да ни успее туку и ќе ни го дооштети општественото постоење бидејќи ќе ги дискредитира симболичките форми преку кои го претставуваме она што го чувствуваме и со кои си ги одржуваме меѓусебните општествени односи. ‌Настојчивоста целосно да се искаже она што го чувствуваме ќе исходува со бескрајно, бесцелно насилство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливиот човеков порив да ја затвори, да најде начин буквално да се изрази она што навистина го чувствуваме, не е само предосуден туку е и разорен: им се заканува на симболичките посредства што ја држат целината на сиот општествен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, таа ќе ни го загрози единствениот канал преку кој, всушност, можеме да комуницираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)