тежок (прид.) - болка (имн.)

А грозна смрт ги зафаќаше; кравите, воловите, телињата, умираа од надуени меови, со кренати нозе како на гајда; од устите им течеше пена и недоџвакано зеленило; очите им беа испопулени, ишиклени; главите ги држеа свртени кон небото како да чекаа од него спас или навалени на едната страна како да се одмораат и спијат; опашките кренати и извалкани од лепешки; пред да умрат, испуштаат издишки, јачат како човек што тешки болки го притискаат; преткаат, клоцаат со нозете како од нешто да се бранат; ако се згодиш тука крај нив, те гледаат милозливо, те молат очекуваат од тебе спас;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)