тежок (прид.) - врата (имн.)

Ја фативме големата бела квака и ја повлековме тешката врата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едно утро пристигнале со џип неколку униформирани лица и еден цивил, ја разбиле тешката врата, влегле во дувлото и имало што да видат: среде соба, изглодано до ковче, белеел костурот на жената.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Темни се и загатливи како судбина. Како некој да ја корне од челичните зглобови, тешката врата се отвора зад мене со крцкот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По долго одење, по скалила незнајни надолу, се најдовме, во темнина црна пред тешката врата на вековната тајна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Јана ништо не ѝ прозборе. Откако со помош на Саво ја отвори тешката врата, пред очите на сите беше изненадувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Даниел ја турна тешката врата што беше направена од штици, на она место каде што беа црните шарки на вратата, и влезе во замаглениот и студен ентериер.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)