тежок (прид.) - здив (имн.)

„Хи-хи-хи!“, се слушна наместо одговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“ и јас, нејзиниот таен љубовник, се впивам во неа со танцот на делфините, чрчорат на механичките златни птици, тешкиот здив на џиновската папрат...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А таа, сита од тешкиот здив на тој до кого лежеше, се поткреваше на лакти и зјапаше во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Мене... мене одамна”, проговори со тежок здив старецот, „Ми се допаѓаше мечта за блондина... од петнаесеттина години... и токму под вакви околности...“ 156 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)