тежок (прид.) - миг (имн.)

Имаше мигови кога ја препознавав крај мене, во тешките мигови на мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие тешки мигови, верен сојузник му остануваа неговите книги, одбирани како надополнување за институциите што не постоеја веќе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Останав сираче на четири години. За мене доаѓаа тешки мигови во кои никој не можеше да ми помогне и да ме сфати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Уметноста, која не го спасува својот творец, својот создавач во тежок миг, - уметност ли е тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Напати, во тие тешки мигови, во кои ќе се најдеше семејството, на разминување помеѓу животот и смртта, како да се доведуваа во прашање сите верувања, идеологии, сите знаења за животот, мошне често се наложуваше случајноста, каков што е, впрочем, самиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се случуваше светоста на книгата со нејзината моќ да ги обединува луѓето во тешките мигови на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)