тежок (прид.) - порта (имн.)

Кога се приближи, се најде пред голема тешка порта со вратниче на едната пола широко колку човек да се протне низ него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како што таа излезе, така се заврте назад, ставајќи ја чантата под левата мишка за да ја затвори тешката порта, повлекувајќи ја со двете раце.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)