тежок (прид.) - ранец (имн.)

Над облеклата, високо на грбот носеше тежок ранец.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Рада размислуваше како со тешкиот ранец ќе стигне до дома. На одење ѝ помогна Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Томо и понатаму продолжи со своето џентлменско персирање, но во исто време речиси го истргна тешкиот ранец од рамото на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)