тежок (прид.) - судбина (имн.)

Бев сведок на многу тешки судбини и ако нешто научив тоа е дека не се палат светла таму каде темнината е вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе не сум истата, за се има причина и од многуте избори пак ќе го изберам погрешниот, песимизмот и меланхолијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мајка ми објаснуваше дека авторот бил инспириран од тешката судбина на децата бегалци и сликал прикази и детали што асоцираат на нивниот мачен живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Изгледаше дека ќе падне и ќе се разлее како влага во влагата, додека коњот ќе продолжи да ја влече својата тешка судбина, незнано некаде во магла и неврат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)