тежок (прид.) - удар (имн.)

За Канети тоа бил тежок удар, но, подоцна признал дека било добро што ударот се случил токму навреме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Збор ти давам. Земјината топка прска од силен и тежок удар на зелена барска трска... Чудни чуда, чудни чуда!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Потоа со брзање ја започнуваше следната партија за што побргу да го преболи и заборави тешкиот удар.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На една недела пред свадбата, стрико стрико Благоја го разбудија од сон тешки удари во залостената врата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полициските мерки со кои се запирало секакво движење по 8 часот навечер, покрај апсењето на трговците, претставувале исто така тежок удар за стопанството.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа песната се измешува со глувото ѕвонкање на наковалната. Тоа се тешки удари во самата глава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Со кого одржуваше врски во градот?“ Темен глас и тежок удар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа телото беше бесчувствително за тешките удари.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но тоа беше многу плашливо куче. Се имаше здобиено со тешки удари. Улицата е лоша.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На една недела пред свадбата, стрико Благоја го разбудија од сон тешки удари во залостената врата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)